Брузер е четиригодишен гризли кој ужива во прскање и скокање во базен.
Тој е еден од животинските амбасадори на организацијата „Single Vision“ која се занимава со зачувување на дивите животни и едукација за заштита на природата.
На снимката која ја објави организацијата се гледа Брузер кој скока во базен, плива и игра со даската за сурфање, додека го гледа неговата млада пријателка – црната мечка Хани.
Како што велат од ораганизацијата, Брузер има покрај пливањето уште едно хоби – уништување на картонски кутии.