Гром убил маж во пивска градина во Германија

Маж починал откако гром удрил во стебло во ткн пивска градина во околината на Штутгарт во југозападна Германија во текот на викендот, а притоа повредени биле две лица.

Триесет ипетгодишниот маќ им подлегнал на повредите во неделата, откако него, 11-годишно дете и 43-годишна жена во саботата попладнето ги погодил гром во Унтерензинген додека седеле под дрво, пренесе агенцијата DPA повикувајќи се на полицијата.

Повредените биле пренесени во болница, а со медицински хеликоптер во болница е префрлено и момченцето. Неговата состојба од понеделникот е подобрена, соопштиле болнички извори.

Повредената жена, пак, е во критична состојба, според истите извори. Нензините деца – четиригодишно момченце и девојченце на 11 месеци – претрпеле шок. Тие, според полицијата, биле во приколка за велосипед кога удрил громот.

Петнаесет други луѓе се засолниле во затворениот простор на пивската градина кога се појавило невремето, рекле очевидци.

Поврзани вести