Гром удри во тренер на ФК Јагодина додека го тренирал подмладокот

Лекарите во Општата болница во Јагодина (Србија)  се борат за животот на фудбалскиот тренер С.П. (31) кој е тешко повреден од удар на гром околу 18.40 часот на помошниот терен на ФК Јагодина, објавија српските медиуми.

– Пациентот е на апарат за дишење, максимално работиме се што можеме – изјави доктор од болницата.

Во моментот на ударот во тек бил тренинг на подмладокот на клубот. Дваесетина деца во две групи биле на терен. По ударот настанал хаос. Децата трчале кон родителите, а тренерт лежел вкочанет. Интервенирале клупсите доктори кои му укажале прва помош пред да дојде итната помош која го однела во болница.