Не би сакал да се случи граѓаните од понеделник граќаните да ја гледаат само Македонската телевизија, односно согласно законските измени кaбелските оператори да ги укинат сите канали за кои немаат авторски права. Тоа значи дека гледачите нема да можат да ги гледаат петте национални канали, но и други од регионот, рече Виктор Грозданов експерт за медиумска област во гостување на телевизија Алфа.
-Не би сакал да не се случи тоа зошто законот е донесен надвор од здрав памет, затоа што не може да му кажете некому дека кривично ќе одговара ако рееметува некоја телевизија и дека треба да гарантира за авторските права на таа телевизија. Кабелскиот оператор е само пренесувач на сигналот, рече Грозданов.
Според него „ние зборуваме за една ситуација во која може граѓаните да ги доведеме во една неболузна ситуација“.
– Милион и триста илјади гледачи значи дека не може да гледаат ништо. Кабелските оператори се сериозни дека не сакаат да емитуваат. Тоа значи дека и МТВ нема да можат да ја пренесуваат, што ако пуштат ленти од архива за кои не ги откупила правата Македонската телевизија. Тој што го напишал ова законски решение е законски монструм. Ова некој го смислил шверцерски, ова некој им го подметнал на пратениците, рече Грозданов.
Тој укажа дека со овие законски измени во Законот за аудиовизуелни медиумски услуги ќе се доведат граѓаните да не можат да гледаат телевизија.