Белградската полиција во петокот открила тело на маж во стан во населбата Глогоњски рит во Белград, и полицајците наишле на грозоморни сцени и се сомневаат дека психички болесниот син немал што да јаде, па преживеел цела седмица хранејќи со месото од таткото.
Според првичните непотврдени информации кои ги пренесуваат белградските медиуми, мажот бил мртов најмалку седум дена, а засега не е познато како починал.
Хоророт во населбата Глогонњски рит бил откриен поради несносната реа која со денови се ширела од станот, поради што соседите повикале полиција и пожарникари.
Кога полицијата влегла во станот, како што пишуваат медиуми, крв имало „на сите страни“, а во една соба на крвет лежело распарчено тело. Синот се сокрил, а кога полицијаците го пронашле бил крвав, делувал сосема изгубено и запуштено, се додава во медиумските извештаи.
Полицијата набрзо утврдила дека момчето не умеело самото да оди ниту до проавница и кога умрел таткото, останало без храна а не излегло од станот. Итно било префрлено на Инфективната клиника во Белград, каде ќе биде подложен на тестирања.