Шведски научник го преферира човечкото месо во исхраната

Професорот од Стокхолмската економска школа, Магнус Содерлунд, зборува во прилог на диета која се базира на човечки продукти, пушува весникот The New York Post, циритајќи го говорот на научниот на научниот симпозиум „Gastro“ одржан во шведската престолнина.

Според него, вклучувањето во исхраната на месни продукти од човек, добиени од трупови, би можело да го спаси човештвото доколку глобалната заедница се сврти кон оваа идеја во справувањето со климатските промени кои го загрозуваат традиционалните извори на храна за човештвото.

Аргументот на Содерлунд за канибализмот бил главната и центрслна тема за време на дискусјата „Можете ли да замислите како е да се јаде човечко?“. „Конзервативните“ табуа против канибализмот, според него, со текот на времето може да се променат, доколку луѓето ја пробаат оваа нова храна.

На настанот, особено се разговарало за прашањето дали канибализмот е решение на проблемот за одржливоста на изворите на храна во иднина, како и дали луѓето се премногу себични за да „живеат одржливо“.

Запрашан по говорот дали е подготвен самиот тој да проба човечко тело, Содерлунд рекол дека е отворен за ваквата идеја. „Чувствувам одредена нерешителност, но не изгледам премногу конзервативно… Морам да кажам… Би бил подготвен барем да го пробам тоа“, рекол.

Научникот, исто така, како алтернатива предложил „пореални“ опции, како што се јадењето на домашните миленичиња и инсекти.

Во прилогот се забележува дека потенцијалната опасноста од канибализмот по здравјето може да го спречи воведувањето на идеите на професорот. На пример, до 1960-те години домародците на Папуа Нова Гвинеја практикувале јадење на своите починати. Таа практика довела до епидемија на неизлечивото дегенеративно невролошко заболување куру-болеста, позната како „смеечка смрт“, бидејќи заболените често запааѓаат во состојба на патолошко смеење.

Според податоците на Националната медицинска библиотека на САД, болеста ја предизвикува од заразен агенс, протеин кој се наоѓа во погоденото ткиво на човечкиот мозок.