Грзозоморно убиство во Тексас ја потресе јавноста. Осум лица, меѓу кои шест малолетни деца се брутално убиени во куќата каде што живееле во Тексас.
Убиените деца се на возраст меѓу шест и тринаесет години, а двете возрасни жртви се маж на педесетгодишна возраст и жена на возраст од четириесет години.
Според првичните информации сите убиени биле најдени во куќата, со врзани раце и застрелани во глава.
Бруталното убиство во Тексас на осум лица се случило во една станбена населба, во реонот на Хјустон, а локалната полиција соопшти дека при обидот на полицајците да влезат во куќата, врз нив бил отворен оган, по што дошло до краткотрајна пресметка.
Пукотницата завршила откако Дејвид Конли (48) кој пукал врз полицајците од куќата каде се пронајдени мртвите тела на осумте убиени лица, се предал.
Тој е уапсен и обвинет за убиството.
Полицијата ги испитува мотивите за ова злосторство, но се претпоставува дека станува збор за крвава разврска на нарушените односи и расправиите меѓу уапсениот Конли и убиената жена.
Полицијата верува дека едно од убините деца, 13 годишниот Натаниел, бил дете од поранешната врска на осомничениот убиец и жената што ја застрелал.
Уапсениот Дејвид Конли и бил познат на полицијата и за него има криминално досие уште од 1988 година.Минатиот месец тој бил обвинет за физички напад врз еден свој роднина.
Мајка си ги уби седумте деца и внуката
Мајка од Австралија е уапсена за убиство на осумте деца што беа пронајдени мртви во градот Кернс, од кои седум биле нејзини. Осмото дете ѝ било внука.
Името на жената сè уште не е објавено, но полицијата соопшти дека оваа 37-годишна жена е уапсена за убиството. Полицискиот инспектор рекол дека мајката сега е будна и свесна откако беше хоспитализирана поради убодни рани. Според Асошиејтед прес, властите не кажале како точно биле убиени децата, кои беа пронајдени во домот на жената. Тие рекле дека ги истражуваат многуте ножеви во куќата како потенцијално оружје.
Децата беа на возраст од 18 месеци до 15 години.
Жената во моментов разговара со полицијата, а иследникот врши аутопсија на телата на децата за ја утврди причината за смртта.
Австралискиот премиер Тони Абот рекол дека ова е „трогателна“ вест.
„Сите родители треба да чувствуваат огромна тага поради ова што се случи. Ова е невидено злосторство“, рекол Абот.
Грозоморно убиство на деца се случи и во Канада минатата година. Мајката убиец почина во затвор во јануари годинава откако започна штрајк со глад.