Снегот и ниските температури, проследени со силен ветер, што ја зафатија Грција создаваат сериозни проблеми во сообраќајот.
Снег паѓа во реонот на Атика, на југот од Грција, а силниот ветер го отежнува нормалното одвивање на поморскиот сообраќај.
Ветерот откорна дрво во Атина кое се урна врз два автомобили, нанисувајќи им сериозни оштетувања.
Северните делови на Грција се зафатени од ниски температури, што резултира со појава на голомразица на повеќе патни правци. Властите ги предупредија возачите да бидат внимателни при управувањето на своите возила.
Грчките метеоролози предвиуваат влошување на временските услови во следните неколку дена.