Груби-Алтхаузер: Германија да помогне во решавањето на спорот со името

Потребно е ангажирање на Германија во прилог на решавањето на долгогодишниот спор за името меѓу Македонија и Грција, беше истакнато меѓу другото во понеделникот во текот на средбата во македонското Собрание на пратеникот од ДУИ Артан Груби инаки претседател на парламентарната Комисијат за европски прашања и амбасадорката на Германија во Скопје, Кристине Алтхаузер.

Груби и Алтхаузер аразговараа околу состојбата и политичката сцена во земјата, спорот за името, јазичната еднаквост, системските реформи и интеграцијата во НАТО и ЕУ.

Пратеникот Груби ѝ се заблагодари на германската амбасадорка за големата поддршка на Берлин и нејзината лична поддршка за оформување и создавање на демократска Македонија која ќе биде целосно интегрирана во НАТО и ЕУ. Притоа беше укажано за улогата што ја имала амбасадорката Алтхаузер во текот на политичката криза која била „многу конструктивна“ и во исто време „пријателски настроена“ кон земјата и граѓаните.

Груби зборуваше и за различните идеи за решавање на прашањето за името и побара помош од Берлин за надминување на овој предизвик, со што, изрази уверување за решавање на споровите во Скопје преку системските реформи.

Соговорниците разговараа и околу јазичната еднаквост во согласност со Охридскиот рамковен договор.

Исто така, Груби рече дека постигнувањето на компромис за добивање покана за членство во НАТО го отвора патот на одржлива стабилност во земјата и регионот.