Груби: ДУИ избра спикер, ДУИ избра премиер, ДУИ избра претседател

Артан Груби, организацискиот секретар на ДУИ, по завршувањето на гласањето во вториот круг од претседателските избори објави статус на Фејсбук и во истиот напиша дека Али Ахмети и ДУИ одлучиле кој ќе биде спикер на Собранието, премиер на Владата и претседател на државата.

-Али Ахмети и ДУИ прават Претседатели на Собрание, Али Ахмети и ДУИ прават Премиери, Али Ахмети и ДУИ прават Претседатели на државата. Без Али Ахмети и ДУИ не ја бива работата, напиша Груби.