Груби го кажува договорт за 27-ми април со Шекеринска

Пратеникот на ДУИ, Артан Груби, во гостувањето во емисија на Алсат-М телевизијата по повод настаните од 27-ми април открива како со вториот човек на СДСМ, актуелната министерка за одбрана Радмила Шекеринска, го подготвувале сценариото ден претходно а кое ќе ги предизвика познатите немили сцени во парламентот.

„Контактиравме телефонски со Радмила Шекеринска вечерта на 26-ти и се договоривме утрото на 27-ми април да се сретнеме, таа со јасни упаства од г-дин Заев, и јас од г-дин Ахмети. Се сретнавме на 27-ми април утрото во Клубот на пратениците каде се согласивме дека тој ден ќе го спроведеме целото сценариото кое го имавме подготвено многу порано со сите текстови и сценариото за изборот на новиот претседател на Собранието, г-дин Талат Џафери. Подоцна ни се придружи Заев кој потврди дека тој ден ќе го направиме тоа и рече дека ќе најави прес-коференција…“, вели Груби во емисијата.

Во октомври лани Билал Касами , тогаш лидерот на Движењето БЕСА во гостување на телевизијата Канал 5 рече дека нема да му прости на премиерот Заев доколку знаел зошто тој договорил со Али Ахмети да не биде во Собранието дента на изборот на Џафери.

„Тој воопшто не ни кажа што се спрема. Ние кога завршиме, ни кажаа дека можеме да си одиме, и затоа се повлековме полека и си заминавме од Собранието. Во истиот момент тие држеа прес-конференција, а во тој момент влегоа демонстрантите. Ние не знаевме што се случува надвор. Ако се гледа целата снимка, а мислам дека таа е намерно монтирана, дури и специјалците не притрчаа зошто и тие не знаеја што се случува. Можеше да се избегне целата таа работа, се знаеше дека се собираат демонстратнтите околу 6 часот, односно времето кога го избираа спикерот“, рече Касами.

Овие сведочења всушност ги потврдуваат верзиите дека целта на сценариото во коешто со кршење на Деловникот за работа и насилно ќе биде избран собранискиот спикер и покрај противењето на опозицијата и граѓанските движења, била всушност провцирање безредија коишто потоа ќе ѝ се припишат на опозицијата. Онака, како што и всушност се случи како епилог.

И лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, повеќепати во своите јавно настапи истакна дека најголема штета од настаните од пред точно една година во Собраниет имала токму најголемата опозициска партија.

Мицкоски вели дека самиот чин на изборот на „таканаречениот“ претседател на Собранието изобилува со многу контроверзии, како и дека Зоран Заев не бил избран за Талат Џафери да стане претседател на Собранието, што народот 80 дена му го кажувал, туку да ги исполни ветувањата што ги дал.

Според првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, обвинението кое го поднесе Јавно обвинителството за настаните од 27 април во е премногу конфузно и нејасно, а обвинитествотол треба да ги преиспита изјавите на Агим Нухиу.

Него дополнително го загрижува што МВР не покренало истрага за тоа кои се вооружените лица кои се групирале за време на настаните, дали нивното поседување на оружје е легално, од каде е потеклото на оружјето и зошто Нухиу како прв човек на тоа министерство не ги преземал потребните процедури за да се спречи тоа.

„Ако ние за така краток рок имаме група која се мобилизира и се вооружува така подготвена да иницира воен конфликт, а притоа министерот тоа го знае и ништо не презема, логично е дека со ова се охрабруваат овие луѓе и во иднина да се случува. Каде е тука правната држава, каде е тука одговорноста на министерот, каде е одговорноста на Јавното обвинителство, каде е одговорноста на сегашниот министер и органите кои се под него“, заклучи Мицкоски.