Демократската унија за интеграција бара целосна и транспарентна истрага за случајот „Рекет“ и одговорност за сите инволвирани лица, особено по објавувањето на видео снимките во италијанскиот весник.
„Ние го споделуваме ставот искажан од страна на високите американски претставници Метју Палмер и Филип Рикер, за целосна, брза, детална и транспарентна истрага на случајот, како и одговорност за сите инволвирани лица“, изјави Артан Груби од ДУИ за МКД.мк.
Според него, аферата само ја потврдува оправданоста на политиката на ДУИ и иницијативата за целосен ветинг на судиите и обвинителите, но и на политичарите.