
Пратеникот од редовите на ДУИ Артан Груби попладнево на својот Фејсбук профил напиша дека е неопходен ветинг за судиите, обвинителите и политичарите.
– Ние гласно говоревме за селективната правда и го понудивме инструментот на ветинг за судии, обвинители и политичари, за да се бориме против таа политичко-коруптивна и тенденциозно нарачана селективност. Граѓаните го прифатија и поздравија овој наш програмски столб со убеденост дека ќе успееме, додека деновиве и опозициските партии го прифаќаат и го ставаат во употреба нашиот наратив и политика, истакнува Груби.