-Не гледам ништо неморално, коментарите не се долични. Едноставно шутиравме, си игравме фудбал пет минути и баскет, толку, ништо посебно. Сме станале општество на хистерични реакции за се и сешто, реагира првиот вицепремиер Артан Груби во врска со фотографиите и видеото кои ги објави попладнево, како со уште пет министри од партијата играат фудбал и кошарка во неговиот кабинет во Владата.
– Нема ништо спорно во тоа што игравме фудбал во канцеларијата, пораката беше дека сме одличен тим, дека сме многу сложни заедно, дека сме полетни и желни за резултати, дека само што сме започнале со работа. Не беше во работно време, но и да беше. Напорен беше денот, предизвикувачки. Со Нуредини се сретнавме на кафе првпат откако се повлече од функцијата. Во мојата канцеларија има фудбал, голче, кош, баскет, топка за ракомет,… Не гледам ништо неморално и неетички, едноставно шутираваме, си игравме малку фудбал, пет минути, и баскет. Зошто да не играме внатре? На мало голче игравме фудбал, во тоа не гледаме ништо спорно – објасни Груби во вечерашното гостување на 24 Телевизија.
Тој вели дека во сегашната опозиција нема некој кој е доволно фраер за да игра фудбал.
Во врска со синиќешното двојно убиство во Скопје, Груби истакна дека нема повеќе информации и не ги знаел жртвите.
– Не ги знам жртвите, ниту сум ги сретнал. Страшно е тоа што се случи. Апсолутно е неприфатливо и ги осудувам најостро ваквите криминални дела. Ги охрабрувам МВР и обвинителството да ги најде извршителите. – рече тој за 24 Анализа.
„Дрим тимот на Али Ахмети се опушта по долг и напорен ден“, објави попладнево Груби.
Тимот го сочинуваат Артан Груби, Бујар Османи, Крешник Бектеши, Јетон Шаќири, Фатмир Бесими и Насер Нуредини.
„Дрим тим 🙂
По долг и предизвикувачки ден, антистрес за да го одбележи заедничкиот успех.
Денес е голем ден, пишува „антистресираниот“ Груби.