Ова е последниот час кога ќе треба да се реагира, да се заштитат луѓето, затоа што правдата е на наша страна, ова е борба на народот за својата држава против хунтата на власт која ја води оваа заробена држава, ова на денешната прес конференција го потенцираше Никола Груевски лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
-ВМРО ДПМНЕ ја води таа битка за правдината и битка за татковината, ние ќе биде на чело на таа битка со идеја и чест и со име, таа битка ќе биде тешка и долга, но таа битка ќе се добие. Таа мора да резултира со победа, ние ќе бидеме гласот и во ова време невреме, оние кои чувствуваат страв и во изобилство го сервира оваа ненародна власт на Заев. Ние ќе бидеме на браникот на татковината, да ги браниме слободата и патриотизмот на народот, секаде со народот тоа е нашата максима, на улиците, по домовите секаде каде што треба. Бараме безусловно запирање на сите овие процеси на овој политички прогон, бараме итно и безусловно стопирање на малтретирањата, теророт и иживувањата кои го прави СДС, истакна Груевски.
Тој додава дека тие бараат итно пуштање на слобода на сите лица кои се опфатени со овој политички прогон и сите лица кои се прогонувани од оваа незаконитост и тие треба да знаат дека тркалото се врти и одговорност за сите прекршувања на законот ќе има, колку и да се чувствуваат сега безбедно и сигурно.