Груевски: Честитки за храбрата и неочекувана одлука на реформираното судство

Апелацискиот суд Скопје во понеделникот ја одби како несонована жалбата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција за случајот „Поткуп“ во кој беше обвинет премиерот Зоран Заев и ја потврди ослободителната пресуда на Кривичниот суд, а поранешниот премиер Никола Гревски сакрастично на социјалните мрежи реагираше дека станува збор за „храбра и неочекувана“ одлука на македонското судство.

„Каква храбра и неочекувана одлука!

Честитки за апелација!

Е ова е реформирано судсво.

Само напред!“, коментираше Груевски на својот фејсбук профил.

Заев, кој беше обвинет дека како градоначалник на Струмица побарал поткуп од 160.000 евра од бизнисменот Иван Николов Сачевалиев за продажба на државно градежно земјиште, што беше документирано со видео снимка, очекуваше и доби ослободителна пресуда во овој судски процес во мај минатат година, бидејќи како што изјави, се работи за „монтиран случај“?!

Апелацискиот суд во Скопје во декември 2017-та реши дека судијката Дијана Груевска Илиевска, која му судеше на премиерот Зоран Заев во случајот „Поткуп“, незаконски донела одлука снимката од ПИМ (посебни истражни мерки) да се употребува како доказ, одлучувајќи по барањето на одбраната оваа снимка да се издвои од доказите.

Како што појаснија тогаш од Апелацискиот суд, судијката откако го добила предлогот на одбраната на Заев оваа снимка да се издвои, требало одлуката да ја донесе на рочиштето и за неа да гласа советот, но наместо тоа, таа самостојно, вон рочиште, одлучила снимката и натаму да се користи како доказ. Жалбениот суд тогаш ја поништи нејзината одлука и случајот го врати на повторно одлучување.