
Државната изборна комисија (ДИК) ги затвори очите пред сериозните докази за можен изборен фалисфикат, како што се најдени гласачки ливчиња од Карпош во Охрид, од Гостивар во Врапчиште, недостасувале гласачки ливчиња, како и уште многу нерегуларности, рече во саботата вечерта во емисијата „Седмица“ на ТВ Алфа беше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.
„Ова се сериозни докази дека има сериозни сомнежи за спроведен изборен фалсификат, со ткн модел на ‘бугарски воз’. Постојат сериозни сомнежи дека биле направени паралелни гласачки ливчиња. Едни за потребите на ДИК, други за потребите на СДСМ, кои однапред им биле давани на гласачите. Доказ за ова се пронајдени гласачки ливчиња во Ресен со ист избирачки број, изјави Груевски.
Рече дека бројни нерегуларности, докажани со докази се премолчени и релативизирани од страна на ДИК.
„Мнозинството членови на ДИК се поддржувачи на СДСМ, таа државна комисија се избра по нов модел во која требаше да има ткн тројца независни членови“, посочи Груевски.
Кажа дека овој модел бил донесен по Пржинскиот договор. Груевски додаде дека еден месец пред да се донесе ово модел, еден од членовите се фалел дека ќе биде на таа позиција, и напомена дека нивната работа е да слушаат насоки од надвор.
„Имавме и закани кон нашите членови на ДИК, закани со кривични пријави, еден од нашите претставници веќе има обвинение. Со тоа се гледа практично дека заканите може да бидат реални“, истакна Груевски.
Кажа и дека ќе поднесат претставки од Управниот суд, иако се свесни дека и тој како и сите други судови во Македонија, од страв, закани и заплашувања веќе се ставени под партиската капа на СДСМ и ги слушаат нивните инструкции.
„Но, сепак, ние ќе го направиме нашето и ќе поднесеме до нив тужби, за кои она во рок од 48 да одговорат“, порача Груевски.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ откри и дека двапати ги викнале ОБСЕ и ОДИХР, но дека не биле дојдени за да ја видат реалната сика, двапати биле викани и сите амбасадори на земјите членки на НАТО и ЕУ.
„Очигледно е дека на некому му требаше на овие избори СДСМ да излезе победник, иако сите тие беа свесни, од неформални извори знам, дека ВМРО е фаворит, дека ВМРО води пред овие, води во смисла на поддршка на граѓаните. Некому му требаше да се случи обратното, за потоа со нив, засилени, охрабрени, а ние ослабени, да решаваат крупни прашања значајни за иднината на Македонија, значајни за нашиот идентитет“, рече Груевски.
Напомена дека изборите се веќе нелегитимни, дека ова се најнедемократските избори во Македонија, дека не се сеќава, но дека на многумина, меѓу кои и странците не им одговараше да го видат тоа.