Во новата програма на ВМРО-ДПМНЕ прецизно е напишано едно решение за луѓето кои во екот на кризата, на светската финансиска и европската должничка криза, се најдоа најпогодени, тоа се лицата приматели на социјална помош, лицата со ниту еден вработен во семејство, лицата кои поминале низ тежок период.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на митингот кој денес се одржа во Гостивар најави дека на примателите на социјална помош еднократно ќе им бидат отпишани долговите по неколку основи.
„За нив заради светската кризата и европската должничка криза, а ние веруваме дека ова е крајот бидејќи таа почна сериозно да се олабавува, предвидуваме еднократено отпишување на нивните долгови по електрична енергија, долгови по камати во банки, кредити кои се категоризаирани во Д категорија во банките, долгови за други работи телефонија и слично што не можат да ги платат,“ нагласи Груевски.
Тој додаде дека во новата партиска програма има решение за многу работи и ги повика граѓаните детално да ја прочитаат и да се уверат самите во тоа.