Груевски: Глас за СДСМ е глас за насилство, деструкција, глас за Вицето, кантонизација и двојазичност

заев

Тие немаат програма, продолжи Груевски, тоа што го нудат е препишан памфлет.

-Си смислувале проекти и ги вметнале во нивниот памфлет кој го нарекуваат план за живот. Како да не прошетале никогаш надвор од нивното партиско седиште во Скопје, нели не за џабе ги нарекуваат салонска партија,  па ветиле дека ќе го направат автопатот Демир Капија Смоквица, кој за 20-30 дена ќе биде комплетно завршен и во мај ќе се стави сигнализација…е сега тие дополнително ќе го градат…затоа живеат во стаклено ѕвоно… Не знаат дека тој веќе е скоро готов и се стигна до фаза уште сигнализација да се постави. Дека не излегле од удобните фотелји се гледа и од фактот што ветуваат дека ќе го направеле автопатот Скопје Штип, дека во втората половина од следната година ќе се заврши и ќе се пушти во употреба, рече Груевски.

Додаде дека она што го нудат е реформата за која обрнуваат најголемо внимание, а тоа е полигвалните или повеќејазични практики.

-Тие како што би рекол Заев е во духот на она што го кажа за двојазичноста, и создавање на “политипни” општини со висока независност пренесена од државата, што во суштина одговара со неговата идеја за кантонизација по примерот на Швајцарија.  Луѓето сето ова си го напишале во нивниот памфлет и без око да им трепне ни кажуваат дека имале план за живот. Совршено е јасно дека нивната борба за власт е борба за да продолжи Заев да го прави со Македонија она што сега го прави со Струмица, лаги, интриги, афери, промашени и лажни ветувања, уцени. За да Вице Заев може да продолжи да дели евро ваму евро таму, Шекеринска да може да ги зголеми приходите од скапи кирии. Причините се лукративни и себични. Нивниот план е план на кланот Заеви и нивното друштво за Македонија која назадува и тоне во криза, рече Груевски.

Народот не ги одобрува, додава тој, а не ги поддржува затоа што на секој граѓанин му е јасно дека ако гласаш за Зоран Заев, гласаш и за брат му Вице Заев со кого делат криминални тендери и провизии, гласаш за двојазичност и кантонизација.