Груевски: И општина Новаци на ист начин набави автомобил

Поранешиот премиер Никола Груевски на денешното рочиште за случајот „Тенк“ побара од судот како доказ да ги прифати и документите за набавка на службен автомобил во Општина Новаци.

Според Груевски и овој автомобил бил набавен на ист начин како мерцедесот, за што нему му се суди.

Сакам да истакнам дека немаме намера да го одолговлекуваме рочиштето. Барањето да го дозволите доказот за набавка на автомобилот од страна на општина Новаци е со иста цел, односно да се докаже дека не постоело фаворизирање на компанија, рече Груевски.

На прашање на судијката Добрила Кацарска каде е писменото известување од општината за овој доказ, адвокатката истакна дека не го добила официјално, по што судијката заклучи дека некој и го дал на рака и искоментира дека сега и е јасно се.

Обвинителот Стевче Донев истакна дека доказот не е стекнат на законски начин и побара истиот да не се изведува.