![133356174](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2016/09/133356174-21.jpg?resize=540%2C360&ssl=1)
– За набавката на овие три мамографи во овие три града предвидени се во Буџетот над 300.000 евра со цел да се набават и да се стават на располагање на лекарите и на пациентите, потенцира Груевски.
Истакна дека тоа е втор здравствен проект по значење по Ургентниот центар во Куманово. Според него, трета значајна работа која е завршена во Куманово, е што веќе во тој град е дислоциран Центарот за наркозависници.
– Тоа го бараа граѓаните при мојата последна посета во населбата „Гоце Делчев“, нешто за што во меѓувреме доста се работеше, бидејќи тоа не беше едноставна операција. Сега веќе тоа е завршено и Центарот за наркозависници е префрлен со што барањето на граѓаните на населбата „Гоце Делчев“ е исполнето. Центарот за наркозависници сега се наоѓа во кумановската болница, додаде Груевски.