![133357014](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2016/09/133357014-14.jpg?resize=540%2C300&ssl=1)
– Значи, овие мали компании преку овој проект нашле начин да си го зголемат својот бизнис, да вработат уште некој, да остварат плата за себе и за него и, на некој начин, да одат напред, а со тоа да влијаат и на намалување на невработеноста во Македонија, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски по посетата на локацијата каде што се гради училишна спортска сала на ОУ „Кирил и Методиј“ во центарот на Скопје.
Нагласи дека е задоволен од текот на „Македонија вработува 2“ кој се спроведува поради покажаните резултати од неговиот прв дел.
– „Македонија вработува 1“ беше многу успешен проект и од таа причина одлучивме да го повториме, додаде Груевски.