Како дел од новите проекти за следните четири години, најавени се и изградби и реконструкции на многу автопати, експресни и магистрални патишта насекаде низ Македонија.
Ќе започне изградбата на експресен пат, 4 ленти кон Бугарија, на потегот Рамковце-Крива Паланка. Со можност во иднина истиот да се прошири со уште две ленти и да стане од експресен, да стане автопат со 6 ленти. Ќе се изгради автопатот Александар Македонски на делницата Демир Капија до Смоквица и ќе има реконструкција на истиот автопат од Смоквица до Гевгелија, од Велес до Скопје, од Куманово до Миладиновци и од Неготино до Демир Капија.
Тој најави и изградба на автопатите Скопје-Свети Николе-Штип, Кичево-Охрид, Требениште-Струга.
Ќе има изградба на експресен пат 4 ленти од Охрид до Пештани, експресен пат од Штип до Кочани. Во 2017 ќе започне градба на експресен пат 4 ленти Штип-Радовиш, изградба на експресен пат 4 ленти од Градско, преку Росоман до Прилеп. Реконструкција на патиштата од Битола, преку Ресен кон Охрид, Маврово-Жировница-Дебар, Делчево-Планина Голак, патот во Вевчани, како и реконструкција со проширување на патот Кадрифаково-Велес, до изградба на патот меѓу Крива Паланка и Македонска Каменица. Изградба на патот Старо Коњарево-Ново Коњарево во општина Ново Село.
Груевски најави и доградба на патот кон новата населба Сончев Град, голем број на реконструкции и санации на патишта како што се Мокрино-Смолари, Мелнички Мост-Центар Жупа, Лажани-Ропотово-Црнилиште, Кривогаштани-Обршани-Боѓани, Пробиштип-Ски Центар Пониква, Тетово-Пирок-Гостивар и многу други.
Тој додаде дека ќе се направи обид за пронаоѓање на концесионер за градба на автопат помеѓу Кичево и Гостивар и Скопје и Блаце.