Поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на својот Фејсбук профил вчерашниот протест го категоризираше како „одличен и моќен народен собир“. Груевски вчера не се појави на протестот организиран од неговиот наследник, Христијан Мицкоски.
Пораката е испратена. Пораката на народот на Македонија. Почнува паѓањето на СДСМ. Народот се буди. Не можат вечно да го лажат и плашат народот. Ова е негова земја, напиша Груевски.
ВМРО-ДПМНЕ вчера побара предвремени парламентарни избори заедно со претседателските избори и техничка влада 100 дена пред изборите.