Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски, денеска ќе присуствува на потпишување на договор за реализирање на инвестиција со Групацијата БРГ.
Настанот ќе се одржи во зградата на Општина Велес.
Според информациите новата инвестиција во Велес ќе отвори 1.000 работни места.