
Премиерот Никола Груевски денеска ќе присуствува на промоција на 10 изданија на албански јазик кои се дел од проектот „Превод на 1000 стручни, научни книги и учебници од кои се учи на врвните, најдобрите и најреномираните универзитети во САД и Англија, а од областа на правото во Франција и Германија“.
Промоцијата ќе се одржи во амфитеатарот на Дисперзираните студии на ДУТ во Скопје (во просториите на поранешната стоковна куќа „Илинден“).
Почетокот на настанот е предвиден за 13,30 часот.