Ќе се зголеми паричниот надомест за енергетска сиромаштија. Проектот за заштита од енергетската сиромаштија, којшто започна да се реализира во 2011-тата година, ќе продолжи и наредната година. Ова денеска го истакна премиерот Никола Груевски, одговарајќи на новинарско прашање.
Тој посочи дека овој проект бил ветен и во програмата на ВМРО-ДПМНЕ и наредната година помошта ќе биде зголемена од 800 на 900 денари, а во 2017 година на 1.000 денари.
Наредната година од 1 јануари средствата што ги примаат примателите на помош за проектот за енергетска сиромаштија ќе прерасне од 800 на 900 денари, а следната година на 1.000 денари. Тоа го ветивме во програмата и ќе биде реализирано, а во буџетот на Република Македонија за таа намена се одвоени околу 1,5 милиони евра, изјави премиерот.