Низ јавноста веќе подолго време се зборува дека процесите кои СЈО ги води против поранешниот премиер на Република Македонија, Никола Груевски и останати функционери од ВМРО-ДПМНЕ, ќе добијат политички епилог, дека обвинетите ќе бидат прогласени за виновни, без разлика на тоа колку се цврсти доказите на одбраната во обратното.
Груевски не присуствуваше на денешното изрекување на пресудите, а како што неофицијално дознаваме тој на своите адвокати им кажал дека станува збор за политички монтиран случај со сосема извесен крај, во кој што било јасно дека Заев ќе биде ослободен од вина, а тој прогласен за виновен. Токму поради оваа причина тој побарал од адвокатите да го искористат законското право тој да не присуствува на изрекувањето на пресудата.
Дека ќе биде осуден Груевски најави и пред десетина дена. На 14-ти мај, поранешниот премиер на Република Македонија, Никола Груевски кажа дека постоеле најави и медиумски натписи во кои се тврдело дека Заев направил одреден договор со главниот судија во процесот за „Тенк“ и „Поткуп“, Добрила Кацарска.
Дека тој нејзе ќе и овозможи да напредува, да стане судија на Апелациониот суд, а веднаш потоа и претседател на Апелациониот суд, а дека за возврат тој ќе биде прогласен за невин во случајот „Поткуп“, каде што има еклатантни докази, со ПИМ мерки, изјави Груевски.
Тој кажа дека договорот е и Груевски да биде осуден.
Неговата скандалозна изјава ја зацврстува основата на претходните јавни пишувања на одредени медиуми дека Заев има непринципиелен, незаконски договор со судот, договор со кој тој ќе биде прогласен за невин, јас за виновен, а за возврат тој да овозможи преку политички притисоци, преку политички очигледно прашања да овозможи напредок на одредени судии кој што ги судат и мојот предмет и предмет „Поткуп“. Тоа покажува дека станува збор за еден чист политички предмет, еден чист политички прогон кој што се случува во Република Македонија, темиран во време кога треба да се донесат клучни одлуки по прашањето за името на Република Македонија и интенцијата за промена на уставното име, а се поочигледно и менување на Уставот на Република Македонија, изјави Груевски.
Тој напомена што не е случајно што токму сега се забрза и неговиот случај, како и случајот каде тој е обвинет, овој месец Груевски на судот за овој спор беше повеќе од пет пати, што според него не е нормално.
Инаку, и премиерот Зоран Заев пред десетина дена одговарајќи на новинарско прашање најави дека екс премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски ќе биде прогласен за виновен во процесите кои ги води СЈО против него.
Во својата изјава Заев вели дека граѓаните ќе се уверат дека тој немал договор со Груевски за негова неказнивост. Во исто време премиерот е сигурен и во ставот дека „ќе се случи правдата“.
Не може да постои неказнивост за никого, да не постојат казни и санкции за секој оној што се огрешил во однос на законот. Ова е мојот одговор на оние што велат дека сум се договорил со Груевски за неговата неказнивост. Отворете ги ушите и наслушувајте: ќе се случи правдата, нема да има ниту еден компромис, мора да има одговорност, па нека е и од свети СДСМ, изјави Заев пред десетина дена.
Покрај тоа што постои сериозен сомнеж дека се работи за голем и класичен политички прогон, па поради тоа Груевски е прогласен за виновен, пресуда во овој случај не можеше да има според европските закони, бидејќи случајот има и релативна и апсолутна застареност.