Апсолутно дека се подготвуваме за избори. Силно работиме на два моменти- на подготовка на Отчетот, тоа е наша редовна пракса, секогаш кога се оди на избори, прво да се излезе со Отчет и на него веќе работиме, истакна премиерот Никола Груевски во Вестите на телевизија Сител.
Во овие повеќе од година ипол завршивме огромен број од работи, во самиот Отчет ќе напишеме и колку. Фокусирани сме и на подготовка на новата програма. Таа ќе биде најобемната и најпрофесионално подготвена до сега. Внесуваме наши идеи, но и многу од идеите на граѓаните, а инволвиравме и меѓународни експерти со долго искуство ва вакви работи, подвлече Груевски.
Премиерот додаде дека ќе има приоритизација, ќе се сублимираат проектите и ќе се направи најобемната и најпрофесионално подготвената програма која наскоро ќе биде презентирана пред граѓаните.