Груевски најави нова странска инвестиција

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на својот Фејсбук профил најави нова странска инвестиција во земјава. Како што посочи Груевски, германската компанија Kessler од електро-машинската индустрија, објавила дека планира да инвестира во земјава.

gruevski-2

Македонија продолжува напред!
Kessler – германска компанија од електро-машинската индустрија објави дека инвестира во Македонија.
Во првата фаза ќе отвори Центар за истражување и развој во кој ќе се вработат 10-тина висококвалификувани електро и машински инженери. Во втората фаза предвидено е отворање на погон за производство во кој би се вработиле 50-тина лица.
Компанијата произведува опрема и алатки за машинско моделирање и брусење, електромотори, делови за CNC машини, сензори и слично.
Ова е прва инвестиција на компанијата надвор од границите на Германија.
Компанијата која има преку 800 вработени во Германија ја одбра Република Македонија.
Нека е со среќа, напиша Груевски на својот Фејсбук профил.