Во мега интервјуто за Телеграф.мк, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски откри дека се планира втора фаза од проектот „Македонија вработува“.
Можам само накратко да кажам дека наскоро планираме втора фаза на проектот „Македонија вработува“, кој даде одлични резултати и овозможи околу 19 илјади вработувања во само една година и се покажа за високо успешен.
Продолжуваме, додаде Груевски, со позитивни мерки кои ќе значат нови работни месата и зацврстување на економијата.