Груевски: Реконструирани 450 училишта, уште 60 ќе се обноват годинава

ВМРО-ДПМНЕ во изминатите десет години реконструира над 450 училишта во РМ и  вложи над 50 милиони евра во подобрување на образовната инфраструктура во земјава, оцени  лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевкси при денешната посета на Прилеп.

Тој посочи дека постојано се вложуваат големи средства за реконструкција за што е можно повеќе училишта во Македонија.

gruevski.jpg2_-640x389

Ние имаме континуирани вложувања во реконструкција на училиштата во Македонија. Тоа ни е една од главните активности. Огромен број училишта се веќе реконструирани, а сега започна третата фаза во која се реконструираат последните 20 од предвидените 60 училишта за реконструкција за годинава, изјави Груевски одговарајќи на новинарско прашање.

Прецизира дека во општина Прилеп во изминантите 10 години се реконструирани сите училишта.

gruevski.jpg1_-640x362

 Некаде е променет покривот, некаде подот, некаде целосно училиште, некаде се обновени тоалетите, некаде дограмата… Во Прилеп нема училиште во кое во овие десет години немало поситна или покрупна интервенција односно целосна или делумна реконструцкија, рече Груевски.

gruevski.jpg3_-640x429

Нагласи дека реконструкцијата и обновата на училиштата во Македонија останува една од главните определби во програмата на ВМРО-ДПМНЕ и на Владата.