Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во четвртокот оствари средба со министерот за надворешни работи на Република Грција, Никос Коѕијас, на којашто го уверил соговорникот дека партијата се залага на добрососедски односи врз основа на меѓусебното почитување.
На средбата се разговарало за односите меѓу двете држави, за актуелната политичка состојба, како и за состојбата со мигрантите и повеќе заеднички предизвици од регионален контекст, информираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од страна на ВМРО-ДПМНЕ било посочено дека партијата се залага за развивање на добрососедска политика базирана на принципиелна основа и меѓусебно почитување.
Груевски посочил дека мерките за соработка и градење на доверба меѓу двете држави кои ги воведе и започна владата на ВМРО-ДПМНЕ придонесоа за релаксирање на заедничките односи и дека истите треба да бидат продолжени од актуелната влада.
Од страна на ВМРО-ДПМНЕ, исто така, било истакнато дека стратешки интерес преставува членството на Република Македонија во ЕУ и НАТО алијансата за што во изминатиот период биле направени бројни реформски процеси и достигнувања во повеќе сфери.
Соговорниците разменилеа искуства и мислења за проблемот со мигрантите кој што останува
регионален предизвик чиј што интензитет во иднина може да предизвика последици за
земјите во регионот.
.