Груевски: Скопската железница темелно ќе се реконструира

Подготовките за реконструкција на скопската железница се во завршна фаза, вели премиерот Никола Груевски, кој денеска присуствуваше на отворањето на повеќенаменско игралиште во општина Бутел.
Откако е направена железничката станица во Скопје, досега немало никакви интервенции.

Кон крајот на месец март или почетокот на април ќе започне темелна реконструкција на скопската железница.

Владата на Република Македонија за овој проект оддели 2,6 милиони евра.

Железницата ќе биде целосно реконструирана, со нови тоалети, пристапи за инвалидни лица, чекални и конечно Скопје ќе добие модерна железничка станица.