По заминувањето на ова помрачување коешто ве уверувам нема долго да се задржи, со наши заеднички сили, со вас, со сите граѓани, по нивното заминување ќе започне спроведувањето на новата ера во наредната декада. Затоа велам одбери ја новата ера за твоето место, затоа што знаеш дека ќе се исполни. Наместо нивните празни зборови и лажни ветувања одбери ги нашите многу конкретни, многу прецизни проекти и ветувања кои знаеш, докажано е, покажано е дека ќе се остварат, порача во понеделникот вечерта од митингот во Кичево го порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, додавајќи дека новата ера носи два ипол пати повисок приход по жител.
„Односно од 5.000 на 12.000 долари по глава на жител просечна заработка годишно. Тоа значи два ипол пати повисок стандард за живот. Односно, два ипол пати повеќе пари за трошење отколку сега. Родителите ќе имаат два ипол пати повеќе пари за своето семејство, за своите деца. Два ипол пати повеќе пари за одмор, да купат дом, за храна, облека, автомобил, за на училиште, за на пазар. Не само за живот, туку за многу подобар живот. Пензионерите ќе имаат два и полпати повеќе за себе, за своите внуци. Земјоделците ќе имаат два ипол пати повеќе субвенции и поголем приход да си купат нови трактори, нова механизација, да си добијат повеќе земјиште, да ја обноват куќата“, истакна Груевски.
Нагласи дека тоа ќе значи два ипол пати повеќе пари за модернизација на селата, улиците, патиштата, за патчињата до нивите и сите други потреби на граѓаните.
„Компаниите ќе растат, ќе им расте профитот, ќе се отвораат нови компании, ќе има повеќе пари за работниците. Со тоа ќе има два ипол пати повеќе пари за инвестирање во нови патишта, во нови училишта, во нови болници, детски градинки и раст на платите на лекарите, инженерите, учителите, полицајците, војниците. Новата ера ќе донесе нови 150.000 работни места во Македонија. Ние коишто во минатата декада како никој досега ниту приближно на нашето, ние коишто во минатата декада отворивме нови 173.000 работни места можеме со сигурност да ветиме и тоа да биде скромно и да оставиме резерва за повеќе, со сигурност да ветиме нови 150.000 работни места во Македонија“, посочи Груевски.
Нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ успеала значително да го намали процентот на сиромаштија.
„Со новата ера ќе успееме да ја намалиме сиромаштијата за ¾ во Република Македонија. Двојно да се намали невработеноста кај младите луѓе е проекцијата на новата ера во наредната декада. Можности за стекнување со сопствен дом, зголемни плати, пензии, сувценции, многу повеќе вложување во екологијата за почиста животна средина, издвојување на 6 отсто од Бруто домашниот производ за финансирање на образованието, подобрување на квалитетот на знаење и на креативните способности на младите луѓе. Со цел да се дојде во ситуација Република Македонија да влезе во првата половина на листата на Пиза според квалитетот на основните и средни училишта. А најмалку еден универзитет да влезе во групата на првите 200 универзитети според Шангај листата“, потенцираше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Рече дека доаѓа нова ера на вложувања во екологијата.
„Македонија која сега од нето увозник на електрична енергија, во наредната декада со инвестирање и создавање на нови капацитети за производство на електрична енергија ќе стане нето извозник на електрична енергија. Ќе произведува повеќе од потребите, ќе извезува и ќе заработува. Македонија во која функционираат интелигентни и одржливи градови. Парк и игралиште во секое маало“, нагласи Груевски.