Груевски со семејството во Охрид за големиот празник Пресвета Богородица

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ заедно со своето семејство е во посета на Охрид.

Груевски за време на големиот христијански празник Голема Богородица со своето семејство е во Охрид посетувајќи ги црквите Пресвета Богородица и Успесение на пресвета Богородица кои се двете централни цркви каде денес верниците од Охрид се собираат во најголем број.

Груевски исто така го посети и се поклони пред вечното почивалиште на еден од најголемите македоснки поетски книжевници и автор на поемата „Сердарот“, Глигор Прличев.

Инаку Груевски во денешната честитка до верниците кои го чествуваат големиот христијански празник порача:

Како народ кој столетија наназад, со неизмерна почит, го слави овој голем  христијански празник, денес истовремено ги славиме и традиционалните вредности на нашето општество и на нашите семејства. Во нашите традиционални вредности ликот и личноста на Пресвета Богородица се слика за ликот и значението на жената како мајка и столб на семејството. Вредности кои не движеле низ вековите и кои треба да ни бидат пример за насушно потребното човекољубиво функционирање и во иднина, бидејќи само така ќе се задржиме на вистинскиот пат. Славејќи го денешниот голем празник Ве повикувам заедно да се помолиме за здравје, мир, спокој, радост, благодети, успеси и спасение за секој човек, секое семејство и целата наша држава во меѓусебна љубов и закрила на Пресвета Богородица.