Од друга страна пак, евидентно е дека продолжува додворувањето на Заев и СДСМ кон албанските партии на штета на македонските интереси. СДСМ поставувајќи нелогични барања се обидува да го минира процесот на преговори за Договорот од Пржино.
Овој пат СДСМ, меѓу останатите нелогични барања, во преговорите барале министерот за внатрешни работи да добие нови надлежности и овластувања, односно истиот да може самоволно и спротивно на законските прописи да одлучува. Поточно, СДСМ бара без почитување на законската постапка министерот да ги назначува новите шефови на македонските специјални сили. Партиски извори брифираат дека за да добијат поддршка за ова барања, СДСМ под маса испратиле непринципиелен договор според кој е предвидено ДУИ и ДПА да ги поддржат барањата на партијата на Заев, а за возврат Албанец по род да биде назначен за шеф на специјалните полициски сили „Тигар“.
Ваквото додворување на Заев кон албанските партии беше евидентно и во изминатиот период, во екот на објавувањето на така наречените бомби. Во мај годинава, Заев при гостувањето во емисијата „Jeta në Kosovë“ која се емитува на косовската телевизија РТК.1 вети воведување на задолжителен албански јазик во градинките, основните и средните училишта ветува лидерот на СДСМ Зоран Заев
Ги изгубивме изборите во 2006 поради нашето однесување, не казнија граѓаните и Албанците и Македонците. Во градинките, основните и средните училишта… Зошто ќерка ми на пример да учи турски? Ќе учи албански? За да го користи, ние сме заедно во ова општество. Вклучување во секојдневните активности, не само во јавната администрација. Сите мора да имаат еднакви и фер шанси во иднина, изјави Заев.
Фрчкоски: Албанец за премиер
Во екот…