Во екот на најчувствителните преговори помеѓу партиите, експертите блиски до СДСМ на маса го извадија контроверзниот предлог, Албанец да биде премиер.
Љубомир Фрчкоски, поранешен кандидат за претседател на Република Македонија од СДСМ и еден од неформалните советници на Зоран Заев, на почетокот на месецов во едно интервју во јавноста уште еднаш ја актуелизираше неговата идеја за ротирачки премиер при што по правило на неколку години треба да се избира Албанец премиер.
Фрчкоски сметаше дека ова прашање треба да се актуелизира токму во моментот кога партиите преговараат за изборниот модел и други актуелни политички прашања.
Kонцептот да се составува влада од една поголема коалиција и да има ротирачки премиер. Што значи ротирачки премиер? Тоа значи Албанец би дошол на премиерското место циклусно за две години, истакна Фрчкоски.
Според познавачите, актуелизирањето на оваа тема од страна на Фрчкоски воопшто не е случајна, туку е во насока на создавање на тензии и отворање на теми од корпусот етнички прашања кои имаат за цел да ги блокираат преговорите и со тоа да се спречи одржувањето на предвремените избори во април.
Додека во овој момент Македонија се соочува со проблемот да ја загуби препораката за почеток на преговорите со Европската Унија која земјава ја добива веќе шеста година по ред поради минирањето на преговорите и пропаѓањето на Договорот од Пржино, се поочигледно станува дека Заев и СДСМ работат во корист на немакедонските интереси. Се појасно е дека Груевски е трн во око на интересите на албанското лоби и на Заев и СДСМ.