Груевски: Владата на СДСМ ги загрози националните интереси, а економијата е пред колапс

Изминативе четири ипол месеци ги видовме какви се овие од новата вештачки залепена власт. Нарушени национални интереси, штетен договор со Бугарија, најава за смена на името и идентитетот, колапс на економијата, пензионерите ги оставија без зголемување, се намали просечната плата, иако беше ветено дека ќе имаме зголемување на просечната плата на 500 евра, во првите неколку месеци од како дојде СДСМ таа константно се намалува и веќе е намалена во просек за 420 денари. И тоа е од денот кога СДСМ стапна во Владата, исткана во понеделникот вечерта во Кичево, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на големиот митинг на Коалицијата „За подобра Македонија“.

„Индустриското производство во јули наспроти јули минатата година падна за 2 отсто, во август оваа година наспроти август мината година падна за 5,3 проценти, којзнае како ќе биде во септември наспроти минатиот септември. Прометот во индустријата падна за 9,1 отсто, БДП-то падна за околу 2 отсто, паднаа девизните резерви за над 170 милиони евра“, посочи Груевски и додаде:

Потсети и на изјавите на новата власт дека ќе бидат зголемени даноците.

„Можеме да претпоставиме дека веднаш по локалните избори ќе го реализираат зголемувањето на персоналниот данок на доход, данокот на добивка, придонесите за здравство и придонесот за пензиско осигурување. Субвенциите за земјоделците ветуваа дека ќе пораснат за 10 отсто не пораснаа, туку се случи друго – најавија дека по изборите, оние земјоделци кои нема да имаат поголем приход во годината од претходната, нема да добијат воопшто субвенции“, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Непотизам и тендери, рече Груевски, за лично богатење колку ви душа сака. Нема недела, а да не пукне некоја афера за некој газда од Владата што сака да добие некој тендер или, пак, што вработил некој близок роднина, го назначил на некоја функција.

„Сѐ што говореа и ветуваа се обратно прават, се што кажуваа дека нема да прават, прават многу повеќе. Ние тоа што го ветувавме и го исполнувавме. Нашиот збор вреди. Ветивме повисоки пензии, поголеми плати, ветивме воведување субвенции и нивно зголемување, нови работни места и сето тоа го исполнивме“, спореди Груевски.