Граѓаните на Бутел му се заблагодарија на лидерот на ВМРО –ДПМНЕ Никола Груевски што одвои време да ги посети и да го увиди нивниот проблем.
Инаку, големото невреме кое што во саботата го зафати Скопје направи големи штети во над 120 куќи во скопската населба Бутел 1.
Жителите претрпеле најголеми штети во своите подруми каде чувале покуќнина и храна.
Изминативе два дена тие успеале во најголем дел да ги отстранат водата и калта, а сега како најголем проблем го истакнуваат стравот од зарази и затоа побараа дезинфекција на домовите.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски кој пред малку ги посети, веднаш го контактрираше министерот за здравство Никола Тодоров, кој пак рече дека уште утре ќе биде исполнето ова барање на жителите на Бутел.
Тодоров го информираше Груевски и дека се набавени 120 машини за испумпување на кал, кои уште утре наутро ќе работат на терен.
Градоначалниците на Град Скопје Коце Трајановски и на општина Бутел Петре Латиновски, потенцираа дека се работи на проекти со кои ќе биде трајно решен проблемот со фекалната канализација во овие населени места.