
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, и во саботата излезе меѓу граѓаните, а овојпат имаше средби со жителите на струшките села Дрслајца и Лабуништа и притоа зборуваше за она што е постигнато во овие населени места и кои се очеквуањето на локалното население,
Груевски, како што посочи, остварил пријатна и срдечна средба со граѓаните во Лабуништа. Со мештаните разговарал за населеното место, за животот и проблемите со кои се соочуваат.
Претходно Груевски продолжи увидите на проектите ветени од локалната управа и претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ, како и се запознавање со проблемите кои ги имаат граѓаните низ земјата во струшкото село Дрслајца.
„Денес ја посетив струшка Дрслајца. Саниран е патот кој го ветивме пред граѓаните за што се вложија 6 милиони денари“, напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на Фејсбук.