Груевски во посета на најпогодените од поплавите во тетовско

Премиерот Никола Груевски денес ќе оствари посета на тетовскиот регион.

Агендата на настани е следна:

-во 13:00 часот, посета на поплавените подрачја во Шипковица;

-во 13:55 часот, посета на поплавените подрачја во Мала Речица;

-во 14:55 часот, присуство на пуштање во употреба на локален пат Долно Седларце-Брвеница;

-во 15:15 часот, присуство на пуштање во употреба на локален пат Брвеница-Челопек;

-во 15:50 часот, присуство на пуштање во употреба на локален пат Јегуновце-Ратае и

-во 16:20 часот, посета на компанијата „Везе Шари“ во населено место Требош.

Груевски во посета на повредените во поплавите

По силното невреме во Тетово, премиерот Никола Груевски итно отпатува во Тетово. Тој ја посети Голема Речица, каде штетите од поплавите се огромни. Направи увид директно од терен, разговараше со надлежните и ги посети повредените во силното невреме во Тетово хоспитализирани во тетовската болница.

gruevski3Само што ја примив информацијата за невремето и големите поплави што го зафатија Тетово и Тетовско разговарав со десетина луѓе од различни институции за што побзо да им се помогне на луѓето од погодените места. Веднаш потоа, заедно со вицепремиерот Пешевски, министерот за одбрана Јолевски и министерот за внатрешни работи Чавков се упативме на местата погодени од поплавите. Бевме во Голема Речица и таму состојбата е навистина лоша. Од разговорите со жителите ми беше кажано дека дошло до излевање на реката од надојдените води. Има и информации за жртви и сакам да им упатам сочувство до семејствата на настраданите, изјави доцна синоќа премиерот Груевски по посетата на болницата.

Состојбата е најлоша во Шипковица, каде што екипи се веќе на терен и ги санираат штетите од невремето во Тетово.

Поплавите во тетовско направија огромни штети

Ние ќе одиме да видиме каква е состојбата. Ја посетивме и тетовската болница каде од директорот бевме информирани дека тука биле донесени две починати лица, како и девет повредени, од кои едно е испратено во Скопје поради тежината на повредите и едно е задржано за лекување тука. Жалам што се случи ова, но максимално се ангажирани сите инстутуции и на централно и на локално ниво да им се помогне на луѓето во погодените места, истакна премиерот Груевски.

 

Закажана беше и владина седница по повод предизвиканите поплави од обилните врнежи и невреме на која беа разгледани состојбите и беа утврдени натамошните активности, пред се помошта за населението и субјектите.

 

 

Повеќе за силното невреме во Тетово прочитате на овој линк:

Силното невреме во тетовско зеде четири жртви