Ние во првите месец–два баравме инвеститори кои потоа отвораа илјадници нови работни места, тие, пак, се занимаваат со хомосексуални бракови и посвојување деца во истите, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Греувски
„Сите проблеми ги решија, сите ветувања дадени на народот ги исполнија, животот го донесоа, дијаспората ја вратија,…. уште посвојувањето деца во хомосексуални бракови им остана. Ние во првите месец–два кога влеговме првпат во владата, баравме инвеститори кои потоа отвораа илјадници нови работни места. Овие со Боки 13 ка се занимаваат. Ние за еден месец на земјоделците им ги намаливме даноците и им обезбедивме субвенции, овие се посветени на тоа да објаснат кој министер јадел салама, а кој пилешко за ручек, а во исто време отвориле теднедери за богато мени на новата влада и министри. И додека се дебатира за лгбт, тие го напаѓаат Дедо Стефан со разни измислици и полувистини. Црквата не им чини, но им чини и модерно им изгледа темата за хомосексуални бракови и посвојување деца во истите“, изјави Груевски.