Многу е јасна и чиста ситуацијата за сите кои малку од малку ги следат политиката и изборните процеси во Македонија. СДСМ повремено ги менува ставовите што е најголема пречка, еднаш е прочистувањето на избирачкиот список, еднаш прашањето поврзано со медиумите.
Ова го истакна претсеателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во Дневникот на Сител ТВ.
Нашиот став е јасен по тоа прашање, нека одберат која методологија ја сакаат. Го повикуваме ДИК (Државната изборна комисија), да ја прифатат секоја методологија која СДСМ ја сака за уште еднаш да ги прочисти, или не знам што да направи со списоците, за да го оттргнеме тоа алиби на социјалдемократите, додаде Груевски.