Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски заедно со членот на Извршниот комитет, Никола Тодоров оствари средба со амбасадорот на ЕУ во Република Македонија, Самуел Жбогар.
На средбата се разговараше за актуелните предизвици, моменталната политичка состојба и европските интеграции на Република Македонија. Груевски посочи дека членството во Европската унија преставува стратешки интерес за државата, како и исполнувањето на високите критериуми потребни за напредок на интеграциските процеси, информираат од партијата.
Тој истакнал и дека државата премногу долго е надвор од европските процеси, и е потребно заложба за валоризирање на досегашните реформи, напори и достигнувања кои се направени на планот на интеграциите.
„Груевски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ ќе има проактивна улога во евроинтеграцискиот процес, дека ќе ги подржува понатамошните реформи кои се важни за членството во ЕУ, но и ќе внимава под плаштот на реформите СДСМ да не се обиде да протне решенија кои не се добри за државата и граѓаните од било кој аспект. ВМРО-ДПМНЕ посочи и на растечката тенденција за целосна партизација на медиумскиот сектор по доаѓањето на власт на СДСМ, преку политичко судски прогони и заплашувања, притисоци преку СЈО и други форми на втерување страв и цензура или автоцензура на сопствениците на медиумите, уредниците и новинарите“, стои во партиското соопштени.