За пет отсто ќе бидат зголемени пензиите, социјалната помош, но и платите на вработените во државниот и јавниот сектор, ова денеска го истакна македонскиот премиер Никола Груевски, кој додаде дека зголемувањето ќе почне од март и дека е предвидено во буџетот за 2014 година.
„Ова е во време во кое во повеќето земји има намалување на плати, пензии, некаде дури и на социјалната помош, поради европската должничка криза. Но ние најдовме начин, најдовме сили и можности, пред се заради нашето ветување, но и заради соодветното управување со буџетот, да овозможиме зголемување на пензиите на пензионерите, на социјалната помош за примателите на социјална помош и на платите на луѓето што се вработени во државната и јавната администрација“, рече премиерот Груевки изјави премиерот Груевски по промоцијата на нови наслови од едицијата „Ѕвезди на светската книжевност”.
Премиерот потенцираше дека тоа е нивно ветување и дека ќе биде реализирано согласно кажаните рокови.