Берлинскиот аеродром Бранденбург денеска објави дека ги затворил своите писти откако неколку луѓе без дозвола влегле во нив. Групата „Последна генерација“, која се противи на климатските промени, објави дека нејзините активисти се „залепиле“ на земјата.
Активистите ја повикаа јавноста да престане да користи авиони за патување и владата да престане да го субвенционира овој начин на превоз.
Берлинската полиција соопшти дека овие лица влегле во делот од аеродромот кој е затворен за јавноста и дека некои од нив легнале на пистата.
Портпаролот на аеродромот рече дека полицијата ги привела активистите, но дека пистите се затворени за да се провери дали на нив се уште има луѓе.
#Brandenburg/ #Berlin Flugbetrieb eingestellt – Klima-Kleber legen BER lahm. @Wagner_BILD_BZ vor Ort. https://t.co/OJ1I4MOIwP pic.twitter.com/0MfKvh72jJ
— Nacht Floh (@BZ_NachtFloh) November 24, 2022