Грузискиот премиер по „проевропските“ протести порача дека нема да дозволи „обоена револуција“

Грузискиот премиер Иракли Кобахидзе во саботата, по протестите против владата поради одлуката за ненадејно замрзнување на пристапниот процес во Европската унија, изјави дека земјата нема да дозволи спроведување на ткан обоена револуција.

Партијата Грузиски сон на Кобахидзе во четвртокот објави дека ги прекинува преговорите за пристапување во Европската унија во следните четири години поради „уцени“ од Брисел, остро ја менувајќи ја долгогодишната национална цел.

Членството во ЕУ е исклучително популарно во Грузија, а анкетите покажуваат силна јавна поддршка за членството во ЕУ. Замрзнувањето на преговорите предизвика незадоволство во земјата чиј устав ја предвидува целта за членство во Европската унија.

Земјата лоцирана на стратешки важниот јужен Кавказ кон Русија со население од 3,7 милиони го впиша својот пристап во Европската унија во својот устав и традиционално е најпрозападна од сите поранешни советски републики. Но грузиските односи со Брисел остро се влошија во последните месеци. ЕУ претходно објави дека барањето за членство на Грузија е замрзнато и бараше повторување на неодамнешните избори на кои Грузиски сон повторно убедливо ја победи овојпат обединетитата опозиција .

Анкетите покажуваат дека околу 80 отсто од Грузијците го поддржуваат членството во ЕУ и знамето на Европската унија се вее заедно со државното знаме на Грузија на сите владини згради. Грузискиот сон уверува дека еден ден сака да се приклучи на Европската унија, но во последните години постојано се занимава со дипломатски спорови со Брисел и ги продлабочува, во прв ред економските односи со соседна Русија. Всушност станува збор, за ненаметнување на сите западни санкции против Русија поради нејзината инвазија во Украина.

Премиерот Кобихидзе ги обвини противниците за замрзнување на преговорите за пристап во ЕУ дека планираат револуција како насилните крвави протести на киевски Мајдан во 2014 година поддржани од западните земки со кои беше соборен претседател на Украина, избркани пратениците од владејачката проруска Партија на регионите, подоцна забранета, иако со главните земји од ЕУ беше договорена промена на уставната позиција на претедателот и распишување општи избори подоцна пролетта таа година.

„Сценариото Мајдан не може да се реализира во Грузија. Грузија е држава и државата, се разбира, нема да го дозволи тоа“, рече Кобахидзе, пренесуваат грузиските медиуми.

Грузиското Министерство за внатрешни работи во саботата соопшти дека полицијата уапсила 107 лица во главниот град Тбилиси во текот на ноќта додека демонстрантите под урнекот на Киев од пред десет години подигнале барикади долж централната авенија Руставели и фрлале петарди и факели врз полицијата која за разбиивање на безредијата која употребила водени топови и солзавец за да ги растера демонстрантите.

Нови протести од обединетата опозиција поддржана од Западот која своите лоши резултати на неодамнешните избори ги припиша на наводни манипулаии, се најавени во сабота навечер.

Само стотици вработени во министерствата за надворешни работи, одбрана, правда и образование на Грузија, како и во централната банка, потпишаа отворени писма во кои ја осудуваат одлуката за замрзнување на преговорите. Квича Кварацхелија, ѕвездата на грузиската фудбалска репрезентација, исто така, ја критикуваше одлуката.

На одлуката на грузиската влада ѝпретходеше влошување на односите меѓу западните земји и владејачката партија Грузиски сон, која е обвинета за наводен авторитаризам и проруски тенденции.

Грузискиот сон освои речиси 54 отсто од гласовите на изборите во октомври, за кои опозициските партии тврдат дека биле наместени. Владејачката партија и изборната комисија тврдат дека изборите биле слободни и фер. Западните земји повикаа на истрага откако првично мисијата на ОБСЕ/ОДИХР нотираше неправилности но не ги означи изборите како лажирани.

ЕУ ѝ додели на Грузија кандидатски статус во декември 2023 година, но критикуваше одредени закони што ги турка Грузискиот сон оттогаш, вклучувајќи ги законите за „странски агенти“ и правата на ЛГБТК, како „авторитарни, инспирирани од Русија“ и како „бариера за членството“.

Грузискиот парламент во мај годинава усвои закон со кој невладините организации финансирани од странство се назначуваат како „странски агенти“. Станува збор за закон донесен по урнекот на американскиот Закон за регистрација на странски агенти (FARA) од 1938 година кој уште е на сила и е осмислен да го ограничи влијанието на странските влади и странската пропаганда во САД, кој налага од „агентите“ или оние што ги промовираат интересите на странска сила или „странскиот налогодавец“ да го обелоденат таквиот однос и какви и да се активности или финансирање поврзани со промовирање на споменатите интереси.