Мораме да работиме заедно за да го забавиме глобалното затоплување, судбината на планетата зависи од нашата активност или пасивност, изјави генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, на состанокот на Г20, на кој се собираат најразвиените земји од светот во Индонезија
Во својот говор Гутереш предложи да се воспостави Пакт за климатска солидарност, според кој развиените економии ќе вложат дополнителни напори да го ограничат растот на глобалното затоплување на 1,5 степени Целзиусови.
Преку Пактот, развиените економии финансиски и технолошки ќе им помогнат на земјите со растечки економии брзо да се префрлат на обновливи извори на енергија.
-Активноста или неактивноста на Г20 ќе одлучи дали секој член на нашето семејство ќе има можност да живее мирен и одржлив живот, на здрава планета, предупреди Гутереш.