Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, се сопна додека одеше кон бината во текот на расправата за Резолуцијата за осуда на Русија.
Итната седница во седиштето на Обединетите нации во Њујорк беше свикана за Генералното собрание да ја разгледа Резолуцијата за осуда на руската инвазија на Украина.
По повеќе од два дена вонредна дебата, 141 од 193 земји-членки гласаа за необврзувачката резолуција. Кина беше меѓу 35-те земји кои беа воздржани, а само пет гласаа против.